fbpx

Од четврток до недела топлотен бран со температури над 40 степени

-

Македонија од четврток до недела ќе биде зафатена од топлотен бран со многу високи температури и суво време. Дневните температури во јужните делови на земјава ќе достигнат и до 41 Целзиусов степен, а во поголем дел од територијата ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Инаку, и подолготрајните прогнози на меѓународните метеоролошки сајтови предвидуваат исклучително високи температури и суво време коешто ќе се задржи и во текот на следната работна недела, со дневни температури на воздухот кои во Повардарието и јужните делови на Македонија би се движеле меѓу 35 и 40 Целзиусови степени.

И во Скопје наредните денови времето ќе биде сончево и топло, со дневни температури на воздухот што ќе достигнат до 39 Целзиусови степени. Топлото време во Македонија доаѓа откако земјите од Западна Европа беа зафатени од топлотен бран со рекордни високи температури. На лондонскиот аеродром Хитроу за првпат во историјата денеска беа измерени 40,2 Целзиусови степени, пренесува Гардијан. Температури од над 40 степени деновиве беа измерени и во Франција, додека во Шпанија и Португалија беа измерени во некои делови беа измерени над 45 степени.

Топлотните бранови низ Европа, како и во Македонија, во изминативе години се позачестени, траат подолго и предизвикуваат огромни штети во најразлични сектори, од здравствениот сектор до енергетиката. Во комбинација со силните ветрови и сушните периоди, ваквите топлотни бранови што се резултат на климатските промени доведуваат до шумски пожари од огромни размери.

Во однос на глобалното затоплување и неговото влијание кај нас, УХМР лани за поголем дел од земјава заклучи дека се соочил со „многу топла година“, поради тоа што просечните температури на воздухот ги надминале средногодишните температури за периодот 1981-2010 година. Па така, отстапувањата од просечната температура на воздухот во 2021 година се движеле од -0,3 до 1,1 Целзиусови степени над референтниот период 1981-2010 година. Слични позитивни отстапувања на просечните температури на воздухот се измерени и во изминатите години во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...