fbpx

Од 6 до 12 јули оздравеле 1.017 лекувани лица од ковид-19, за 40 отсто повеќе од една недела претходно

-

Значително зголемување на бројот на оздравени лица од ковид-19, а намалување на бројот на починати во споредба со претходната недела. Тоа го покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, објавен денеска, кој се однесува на периодот од 6 до 12 јули 2020 година. Како што соопшти Министерството за здравство, во овој период е регистриран рекорден број на оздравени лица, 1.017, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување. Тоа е за 404 лица или за 40 отсто повеќе од претходната недела на известување (29 јуни – 5 јули).

„Во текот на изминатите три недели бројот на оздравени лица расте за околу 40 отсто на неделно ниво. Ова е важен и позитивен индикатор кој влијае на намалување на бројот на активни случаи. Во дадениот период направени се вкупно 9.995 тестирања (1.573 повеќе од 29 јуни – 5 јули) и регистрирани се 1.073 позитивни случаи на ковид-19, што е за 156 случаи повеќе од претходната недела. За споредба, процентот на позитивни од тестирани случаи е благо намален, 10,7 отсто позитивни од тестирани за периодот 6-12 јули, наспроти 10,9 отсто за претходната недела. Во последните четири недели процентот на позитивни случаи од тестирани на неделно ниво бележи пад“, соопшти Министерството за здравство.

Новозаболени се регистрирани во 26 града, при што најголем процент се во Скопје (42,3 отсто)  и во Тетово (8,9 отсто). Во 16 градови во земјата, во истиот период бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Од новозаболените најголем процент се лица над 60 години (22,8 отсто), поголем број новозаболени има кај лицата помеѓу 30 и 39 години (20,1 отсто), потоа кај лица од 50 до 59 години (19,3 отсто) и помеѓу 40 и 49 години (18,8 отсто). Најмал број на новозаболени има кај децата, и тоа од 0 до 9 години (3,7 отсто) и од 10 до 19 години (3,3 отсто) од вкупниот број на новозаболени.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 114 лица или 11,5 отсто, што претставува намалување за 2 отсто во однос на претходната недела на известување, а кај 270 лица или кај 27,2 отсто е регистрирано присуство на коморбидитети, што е за 2 отсто повеќе од претходната недела.

Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени, 42,6 отсто имале контакт со потврден случај на ковид-19, а 22 лица имале историја за патување во странство во минатите 14 дена. Во периодот од 6 до 12 јули, регистрирани се 36 смртни случаи, што е 10 помалку од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години (69,4 отсто), а 35 од случаите се починати лица во болнички услови, 1 е вон болнички. Кај 29 смртни случаи или 80,6 отсто, регистрирани се претходни коморбидитети. Во последните три недели константно се намалува бројот на смртни исходи на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...