fbpx

Од 464 тестови за ковид-19, денеска регистрирани 37 позитивни пациенти

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 464 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19, oд кои 20 се во Скопје. Институтот за јавно здравје регистрира и 131 оздравени пациенти, а починати се четири лица – пациент од Виница (57г), двајца пациенти од Охрид (77г и 57г) и еден од Струга (74г). Од нив тројца се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.827, бројката на оздравени пациенти е 13.315, на починати е 652, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.860.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се двајца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, седум деца и седум мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 26 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 147, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...