Фото: Министерство за здравство

Во последните 24 часа се направени 4.920 тестирања, а регистрирани се 1.394 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство, според податоците од Институтот за јавно здравје. Во Скопје – 592, Куманово – 104, Битола – 101, Прилеп – 63, Велес – 60, Кавадарци – 50, Охрид – 39, Тетово -38, Штип – 37, Гостивар – 35, Струмица – 31, Кичево – 30, Кочани – 24, Неготино – 21, Свети Николе и Ресен – по 19, Гевгелија – 18, Струга – 17, Радовиш и Берово – по 14, Делчево и Виница – по 11, Крива Паланка – 10, Валандово – 8, Богданци – 6, Демир Капија – 5, Македонски Брод – 4, Дебар – 3, Пробиштип, Кратово и Пехчево – по 2, Крушево, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран– по 1.

Има 479 оздравени пациенти од: Скопје – 245, Прилеп – 35, Кавадарци – 27, Куманово и Велес – по 21, Битола и Свети Николе – по 15, Гостивар, Струмица и Гевгелија – по 12, Кочани – 11, Неготино -10, Тетово – 9, Берово, Валандово и Богданци – по 6, Пробиштип – 4, Кичево – 3 , Македонски Брод – 2, Штип, Ресен, Радовиш, Виница, Крушево,Кратово и Пехчево – по 1 .

Пријавени се вкупно 45 починати лица: 15 од Скопје ( 95 , 88 , 88 , 87 ,84 , 84 , 83 , 76 , 74 , 74 , 72 , 69 , 69 , 60 и 50 години ) , – по 4 од Прилеп (82 , 71 , 56 , 54) – по 3 од Тетово (80 , 75 , 74, ) и Гостивар (80 ,74, 66) , – по 2 од Битола (79 и 71), Куманово ( 76 и 67 ), Струмица ( 74 и 66) , Кочани (68 и 63) и Кичево ( 71 и 61), по 1 починат од Кавадарци (65) , Штип (50) , Гевгелија (65) , Велес (83) , Ресен (70) , Радовиш (65), Виница (70), Валандово (60) , Демир Капија (72) и Демир Хисар (66). Во болнички услови се починати 44 пациенти, а 1 пациент е починат во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 638.327 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 134.134, на оздравени пациенти е 108.676, на починати е 3.905, а бројот на активни случаи изнесува 21.553.