fbpx

Од 4.598 тестирања евидентирани 1.174 нови случаи на ковид-19, починаа 42 лица

-

Од направени 4.598 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1.174 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство, според податоците од Институтот за јавно здравје. Во Скопје се евидентирани 430 нови случаи, Велес – 81, Куманово – 78, Прилеп и Битола – по 74, Струмица – 53, Охрид – 49, Гостивар – 42, Тетово – 41, Кавадарци – 38, Штип – 36, Кичево – 24, Гевгелија – 22, Кочани и Неготино – по 20, Ресен – 12, Струга – 10, Свети Николе, Крива Паланка и Виница – по 9, Радовиш, Валандово и Богданци – по 7, Делчево – 5, Демир Капија и Македонски Брод – по 4, Демир Хисар – 3, Берово – 2, Пробиштип, Крушево, Кратово и Дојран по еден случај.

Пријавени се 811 оздравени пациенти од: Скопје – 400, Прилеп – 67, Куманово – 40, Битола и Гостивар – по 33, Штип – 32, Тетово – 30, Кавадарци – 29, Велес – 28, Струмица – 16, Неготино – 13, Валандово – 11, Кичево и Гевгелија – по 9, Берово – 7, Кочани, Виница и Делчево – по 6, Свети Николе, Радовиш и Пробиштип – по 5, Ресен, Крива Паланка и Македонска Каменица – по 4, Пехчево – 3, Богданци и Македонски Брод – по 2, Демир Капија и Крушево по еден оздравен.

Починаа вкупно 42 лица: 15 од Скопје (53г, 56г, 58г, 58г, 60г, 65г, 65г, 69г, 69г, 73г, 73г, 73г, 73г, 80г, 84г), 4 од Куманово (59г, 59г, 67г, 75г), по 3 починати пациенти се пријавени од Прилеп (58г, 70г, 85г), Струмица (50г, 67г, 70г) и Кочани (63г, 69г, 84г), по 2 од Битола (65г, 75г), Гостивар (70г, 75г), Кавадарци (51г, 65г), Штип (54г, 87г) и Охрид (61г, 74г) и по еден пациент од Тетово (73г), Велес (87г), Крива Паланка (81г) и Виница (80г). Еден пациент е починат во домашни услови, додека другите во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 660.522 тестирања на ковид-19, вкупниот број на ковид дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 140.065, на оздравени пациенти е 113.430, на починати е 4.150, а бројот на активни случаи изнесува 22.485.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...