Судија за извршување на санкции од кривичниот суд Скопје, на осудениот Стевчо Јакимовски, му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година, соопштија денеска од Основниот кривичен суд.

Со оглед на тоа што, екс градоначалникот на Карпош беше во куќен притвор пет месеци, во затворската казна му се засметува и времето поминато во притвор, па казната што ќе треба да ја издржи е седум месеци.

„Во однос на кривичното дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.4 вв ст.1 вв чл. 45 од КЗ жалбата на обвинетиот е уважена и предметот, само во тој дел се враќа на повторно судење. Во однос на ова кривично дело, со оглед дека истото е сторено во период од 2011 година до 2017  година, предвидената казна е од три до пет години, па согласно одредбите за застарување истото би застарело во 2027 година“, соопштија претходно од Кривичниот суд.