Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.510 тестирања, а се регистрирани 627 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-250, Куманово-36, Дебар-8, Штип-12, Прилеп-35, Тетово-21, Струга-6, Велес-25, Битола-25, Охрид-21, Кавадарци-31, Гостивар-24, Гевгелија-12, Струмица-23, Крива Паланка-8, Радовиш-4, Кочани-20, Пробиштип-7, Демир Хисар-2, Пехчево-1, Берово-13, Валандово-6, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-7, Ресен-4, Неготино-14.

ИЈЗ регистрира 644 оздравени пациенти од: Скопје-241, Куманово-33, Штип-25, Прилеп-66, Тетово-26, Струга-44, Велес-12, Битола-29, Охрид-51, Кавадарци-2, Гостивар-37, Гевгелија-8, Струмица-11, Крива Паланка-11, Радовиш-5, Крушево-2, Кочани-10, Пробиштип-2, Берово-5, Виница-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-8, Ресен-6 и Неготино-1.

Починати се 14 лица, четири пациенти од Скопје (82, 73, 67 и 58г), еден од Куманово (52г), четири од Прилеп (82, 66, 78 и 71г), еден од Струга (84г), еден од Битола (74г), еден од Охрид (59г), еден од Кавадарци (56г) и еден пациент од Гевгелија (80г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79.815, на оздравени пациенти е 56.743, на починати е 2.354, а бројот на активни случаи изнесува 20.718.

Во Скопје се евидентирани најмногу случаи на ковид-19, 34.417, од кои активни се 11.660, потоа е Тетово со 4.652 случаи, од кои активни се 951 и Куманово со 4.547 случаи и активни 567.

Досега во земјата се направени вкупно 386.279 тестирања на ковид-19, информира Министерството за здравство.