fbpx

Од 19 јуни до денеска низ земјава поминале 105.007 мигранти

-

Во изминатите 24 часа, Министерството за внатрешни работи издало потврди за искажана намера за барање азил во земјава на вкупно 2.254 мигранти, од кои најголемиот број, односно 1.337 лица се сириски државјани, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од почетокот на издавање на потврдите, на 19 јуни оваа година, до денеска, според МВР, вакви документи им биле издадени на вкупно 105.007 странски државјани, од кои 79.017 се со потекло од Сирија, потоа од Авганистан (11.478), Ирак (6.839), Пакистан (2.767), Палестина (1.139), Сомалија (635), Бангладеш (645), Иран (646), Конго (371), Нигерија (222), Камерун (178), Еритреја (163), Етиопија (126) и од Судан (115).

Според информациите на МВР, во истиот период, барање за азил во земјава поднеле само 50 мигранти. Во изминатите 24 часа до Одделението за азил не биле поднесени барања за азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...