Почнувајќи од понеделник, 17 август до 31 август, на граничниот премин „Евзони“, само во периодот од 6 до 22 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само државјани на Република Грција, државјани на трети земји кои имаат регулиран престој во Грција, EULEX-дипломатски персонал и членови од нивните семејства, лица кои патуваат од медицински и бизнис причини, а кои претходно биле најавени и добиле одобрување за патување од Aмбасадата на Република Грција во странство, како и возачи на товарни возила, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Сите овие лица за да остварат влез во Грција на преминот „Евзони“ потребно е да приложат негативен PCR тест за Ковид-19 од сертифицирана лабораторија на англиски јазик, не постар од 72 часа. Исто така, останува обврската за претходна електронска најава и добивање на PLF документ (Passenger Locator Form).