fbpx

Од 11 до 15 јуни нема да биде во функција системот за прием и издавање лични документи во Скопје

-

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека поради надградба на системот за лични документи, од 11 јуни 2021 година (петок) започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15 јуни 2021 година (вторник) во текот на целиот работен ден, до 20 часот, нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) во Скопје.

Од тие причини, се известуваат граѓаните од подрачјето на град Скопје кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ (лична карта, пасош и возачка дозвола) на 11 јуни 2021 година по 16 часот, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ истиот ден (11. 06. 2021 година), и тоа во периодот до 16 часот.

Граѓаните кои имаат закажан термин за 14 јуни 2021 година (понеделник), правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат на 5 јуни 2021 година (сабота) на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.

Граѓаните кои имаат закажан термин за 15 јуни 2021 година (вторник), правото за поднесување на барање за личен документ ќе можат да го остварат на 6 јуни 2021 година (недела) на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.

„Воедно ги информираме граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 11.06.2021 година до 16 часот или од 16.06.2021 година“, се наведува во соопштението на МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...