fbpx

Од 1 јули стартува мерката за враќање на 15 отсто ДДВ на граѓаните

-

Враќањето на 15 проценти од данокот на додадена вредност (ДДВ) на граѓаните се очекува да се применува од 1 јули, информираа денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев, министерот за финансии, Драган Тевдовски и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

„Преку мерката „Мој ДДВ“, граѓаните заедно со финансиските институции, ќе остварат две главни цели, првата цел е да се вратат пари кај граѓаните, а втората цел е да учествуваат во намалувањето на сивата економија и во елиминацијата на даночното затајување. Благодарение на оваа мерка, едно четиричлено семејство ќе може да си врати на сметка до 28 илјади и 800 денари годишно во семејниот буџет. Нешто повеќе од една просечна плата во нашата земја, односно плата плус за секое семејство“, рече Заев.

Оваа можност за поврат на дел од ДДВ-то ќе биде достапна за сите граѓани кои имаат наполнети 15 години, кои се регистрирани или ќе се регистрираат на системот на УЈП, и кои од 1 јули ќе ја преземат одговорноста редовно да си ги земаат фискалните сметки на продажните места, а потоа и да ги скенираат преку мобилен телефон.

„Доколку се исполнат нашите очекувања и граѓаните бараат сметки, ќе им бидат вратени околу 50 милиони евра годишно. Максималниот износ на поврат за едно лице ќе изнесува 1.800 денари за три месеци. 98 отсто од домаќинствата ќе можат да направат поврат на ДДВ на нивната вкупна потрошувачка, а за оние најбогатите два проценти ќе има лимит“, информираше министерот за финансии Драган Тевдовски, и додаде дека оваа придобивка е обезбедена за сите граѓани.

Тој додаде дека заради правичност, за да не се случи повратот да оди главно кај најбогатите граѓани, поставени се лимити кои оневозможуваат поврат на дел од ДДВ-то од сметка над 30 000 денари.

На прес конференцијата во Владата денеска беше презентирана и апликацијата „Мој ДДВ” која што граѓаните ќе ја користат од 1 јули, и со која ќе се скенираат валидните фискални сметки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...