fbpx

Од 1 јануари прогресивниот данок се става во мирување

-

Измените на Законот за данок на личен доход стапуваат на сила на почетокот од 2020 година и со нив повторно се враќа оданочувањето со една стапка од 10 проценти на доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права како и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи.

„Во мирување ќе биде ставена и стапката од 15 проценти, што значи дека стапка од 10 проценти ќе се применува и за оданочување на доходот од права на индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капиталните добивки, од осигурување и другиот доход“, информираат од Министерството за финансии.

Од ова министерство посочуваат дека одлуката за ставање во мирување на прогресивниот данок е донесена врз основа на анализа на големи податоци, кои овозможуваат да се извлече тенденцијата и да се донесе заклучок врз основа на електронско пријавување и наплата на данокот на личен доход. Според анализата, приходите кои можеле да се приберат од прогресивното оданочување и повисоката стапка на личен доход се помали за 51,2 проценти во однос на потенцијалот.
Вкупно изгубените приходи што можеле да се приберат, а не се прибрале, се оценети на 6,5 милиони евра, тоа се средства кои буџетот можел да ги има, но не ги добил поради промената во однесувањето на даночните обврзници, покажува анализата на Министерството за финансии.
Од први јануари се зголемува и прагот за ДДВ обврзник од еден милион денари на два милиони денари. Со измените во Законот за данок на додадена вредност се менува и периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот на ДДВ и истиот се скратува на три години од тековните пет години. Со тоа сите правни и физички лица кои во 2019 година не го надминале новопоставениот праг, ќе може доброволно да се дерегистрираат од системот.
Од 1 јануари 2020 година нема да стартува оданочувањето на капиталните добивки од хартии од вредност, ниту пак примената на данок на камати од депозити. Овие оданочувања се пролонгирани за 2023 година, соопштуваат од Министерството за финансии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...