Јавен обвинител од Кочани извршува увид по големиот пожар во фабриката во Виница, при што дел од магацините и натаму имаат жаришта. Обезбедени се видео снимки и е повикан е вештак-електроинженер за дополнителни проверки.

Од Обвинителството информираат дека увидните дејствија ќе продолжат и во наредните денови.

За заштита на плинската станица, која не беше зафатена од огнот, на лице место се поставени противпожарни возила.

Во меѓувреме, Обвинителството веќе обезбеди снимки од видео надзор и презема други дејствија во рамки на истрагата.