fbpx

Обвинителството за организиран криминал и корупција ја побара документацијата за модуларните болници

-

Обвинителството за организиран криминал и корупција соопшти дека по пожарот во модуларната болница во Тетово тие отвориле предмет по допрен глас за да ги проверат јавните набавки за изградба на 19 модуларни болници во државата.

„За таа цел, денеска до Бирото за јавни набавки и Министерството за труд и социјална политика е издадена Наредба за обезбедување на севкупната документација поврзана со изградбата на сите 19 модуларни болници“, соопштија од ова обвинителство.

Оттаму додаваат дека ќе ги анализираат прибраните материјални докази за да утврдат дали документацијата за јавните набавки соодветствува со техничката документација за овие објекти.

„Воедно, согласно своите надлежности Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе преземе и други дејствија за прибирање на докази со цел утврдување на фактичката состојба“, се вели во соопштението.​

Претходно Министерството за здравство информираше дека стои на располагање на сите институции и може да ја приложи целокупната документација со која располага, за поставувањето на сите 17 ковид-центри во земјата.

Истражните органи водат уште една истрага за пожарот во ковид-центарот во Тетово, кој се случи ноќта веднаш по одбележувањето на три децении независност на државата и во кој загинаа 14 лица. Основното јавно обвинителство денеска соопшти повеќе детали за текот на втората истрага.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОЛАФ бара Македонија да врати 22 милиони евра за проекти од 2016 до 2018 година

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година. Во 2019 година...