fbpx

Обвинителството тврди дека за спогодбата по сообраќајката кај Демир Капија согласност дал претставник на оштетените

-

Јавното обвинителство како неосновани ги отрфла реакциите на роднините на загинатите во сообраќајката кај Демир Капија и смета дека изречената казна е соодветна за кривичното дело што обвинетиот го признал.

– По собирање на сите материјални докази и преземање на потребните мерки и активности за расчистување на случајот, надлежниот јавен обвинител ги повика претставниците на семејството на оштетениот и во присуство на конзулот на Република Србија во Република Македонија им ги претстави наодите и мислењата, по што претставникот на оштетениот дал согласност за спроведување на спогодбата која била предлог од адвокатот на обвинетиот. Јавното обвинителство, во согласност со наодите и доказите, смета дека изречената казна е соодветна за кривичното дело што обвинетиот го призна – изјавија за „Мета“ од Јавното обвинителство.

Роднините на загинатите, пред неколку дена остро реагираа на ниската казна на која е осуден српскиот државјанин Рајко Радојковиќ, што ја предзвика сообраќајната несреќа.

„Тој нечовек уби двајца и остави жена траен инвалид, а од затвор ќе излезе за една година и ќе продолжи таму каде што застанал. И сето тоа заради срамната одлука на македонското обвинителство. Таа одлука е срам за нивната држава“, изјавил за „Курир“ Александар Маринковиќ, брат на загинатиот Никола Маринковиќ и чичко на осуммесечниот Андрија.

Радојковиќ, три месеци по несреќата, склучил спогодба со макекдонското обвинителство за признавање на вината, по што му била изречена казна затвор од 22 месеци. Според законските одредби, со признавањето на вината судењето се исклучува, а семејството Маринковиќ нема право на жалба на спогодбата меѓу Радојковиќ и обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...