Обвинителството поведе постапка против 23-годишник осомничен за полови напади во Битола

Во два одвоени настана, на 9 септември и на 7 ноември, полово нападнал две млади девојки и започнал да ги допира

-

Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднело предлог за определување мерка притвор против 23-годишник осомничен за две кривични дела – Полов напад и силување, соопштија од Јавното обвинителство.

Против него е поведена постапка бидејќи во два одвоени настана, на 9 септември и на 7 ноември, полово нападнал две млади девојки и започнал да ги допира.

Жртвите во двата случаја успеале самите да се оттурнат и да се ослободат, по што осомничениот бегал од местото на нападот.

„Бидејќи се работи за кривично дело против половата слобода и моралот и затоа што постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би ги повторувал ваквите напади доколку остане на слобода, надлежниот јавен обвинител предложи определување притворска мерка, која од Судот е прифатена“, соопштија од Јавното обвинителство.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...