Обвинителството поднесе две кривични пријави за дивите платформи на Матка

-

Изградбата на дивите платформи на Матка ќе има судски епилог. Основното јавно обвинителство (ОЈО) од Скопје поднесе обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Узурпација на недвижности, согласно член 225 став 1 од Кривичниот законик. Тие се обвинети дека узурпирале локација прогласена за споменик на природата во Матка.

„Првиот обвинет, 39-годишен жител на Глумово, како трговец-поединец кој врши дејност за патнички воден транспорт, на точно неутврден датум со намера заземал во владение туѓа недвижност што е со пропис прогласена за споменик на природата. Имено, на катастарска парцела на брегот на езерото Матка поставил дрвена платформа со вкупна површина од 120 м2 со метална конструкција, над која изградил објект од цигла и дрво со површина од 49 м2“, се наведува во соопштението на ОЈО.

Вториот обвинет, 25-годишно лице од селото Глумово, делото го сторил така што на пет катастарски парцели исто така на брегот на езерото, поставил дрвена платформа со метална конструкција и со површина од 189,54 метри квадратни, на која изградил времен објект со површина од 187 метри квадратни.​

Инаку, дивите платформи на Матка останаа несрушени до денешен ден. „Мета.мк“ веќе пишуваше дека возењето моторни чамци во езерото на кањонот Матка е строго забрането, како и дека Матка од 2004 година чека да биде репрогласена за заштитено подрачје како споменик на природата.

Државната комисија за спречување на корупцијата до ОЈО поднесе кривични пријави за Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 и Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик против градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, но обвинителството во јуни годинава ги отфрли овие кривични пријави. Антикорупционерите го сомничеја Беџети дека свесно и намерно не презел дејствија и не донел конкретни управни акти во постапките за утврдување на правниот статус на бесправно изградените објекти, со што на физички и правни лица им овозможил бесправно да ги изградат платформите на езерото Матка, да стопанисуваат со нив и да остваруваат противправна имотна корист за себе и за друг.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...