Обвинителството побарало помош од САД за сомнителните финансиски трансакции на Дрин Ахмети

Од Обвинителството додаваат дека од досегашната анализа на документацијата собрана од МВР, произлегла потреба од поднесување барање за меѓународна правна помош во САД

-

Предметот кој се однесува на финансиските трансакции на Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сè уште е во предистражна фаза, пишува Порталб.мк. По повеќемесечна истрага обезбеден и анализиран е голем дел од бараната документација, а наскоро се очекува да биде завршена анализата на останатиот дел. Од досега прибраната документација се појавила потреба од меѓународна правна помош од властите на Соединетите Американски Држави за проверка на информациите кои можат да бидат важни за истрагата, информираат од Обвинителството во Скопје за Порталб.мк.

„Предметот за кој сте заинтересирани е во предистражна постапка. Обезбеден и анализиран е поголем дел од бараната документација, се очекува анализа на дел од документацијата која по наредба на обвинителот на предметот ја спроведува Одделението за финансиски криминал – Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање организиран криминал и сериозен криминал и Одделението за економски криминал – Сектор за економски криминал и корупција при Одделот за криминалистичка полиција во Министерството за внатрешни работи. Врз основа на анализа на досега прибраната документација се вршат други предистражни дејствија и врз основа на соодветните наредби на обвинителот на предметот обезбедена е и друга дополнителна документација“, се вели во одговорот на Обвинителството доставен до Порталб.мк.

Од Обвинителството додаваат дека во меѓувреме од досегашната анализа на документацијата собрана од горенаведените единици на МВР, произлегла потреба од поднесување барање за меѓународна правна помош во САД за потврдување на релевантни факти значајни за предистражната постапка, а по тоа барање од властите на Соединетите Американски Држави побарани се и дополнителни информации кои се доставени веднаш до нив од страна на обвинителството.

„Исто така потенцираме и дека кога се работи за процедури со меѓународна правна помош, за да се добие одговор од институциите на државата од која се побаран ипотребно е време“, се вели во одговорот на Обвинителството.

Овој предмет се однесува на серија сомнителни финансиски трансакции кои се поврзани со Дрин Ахмети и неговиот партнер, Ник Назар Мехмеди, во кои станува збор за милиони долари и евра. Овие трансакции покренаа сомневања поради можноста за перење пари и вмешаност во сомнителни финансиски активности. Во тек се истраги и за други работи, како што е и пронаоѓањето на пиротехнички материјали во возилото на Дрин Ахмет минатата година.

Во јуни минатата година медиумите објавија дека внукот на Али Ахмети, Дрин, преку фирмата „Тор индустрис“, заедно со една фирма од Албанија наречена „Пе-вла-ку Ш.П.К.“, се новите сопственици на бизнис центарот „Соравија“, кој е лоциран во Градскиот трговски центар во Скопје. Дрин Ахмети е косопственик и на компанијата „Еверест ЈД“, која има активна концесија за користење на варовник во месноста „Буковиќ“ во Зајаз, но која се занимава и со нискоградба.

По бројните обвинувања и сомнежи, Дрин Ахмети во март годинава најави дека ќе се повлече од компанијата „Тор индустрис“ која ја купи „Соравија“.

Во тоа време од Обвинителството за организиран криминал и корупција рекоа дека нема никаква врска што тој се повлекол, туку дека важно е кој бил на чело во времето на извршување на кривичните дела.

„Што се однесува на промената на сопственичката структура на правното лице, потсетуваме дека согласно законот, доколку има одговорност, одговорноста паѓа врз лицето кое во моментот на евентуалното настанување на кривичното дело било сопственик или водел одреден правен субјект, и поради тоа оваа промена нема да влијае на постапката што се одвива“, изјавија ОЈО за организиран криминал.

Според бројот и нивото на институции кои се вклучени во оваа прелиминарна истрага, се чини дека ова е еден од најголемите случаи што се покренал во последно време, но и дека не се работи само за економски криминал, туку и за тежок криминал.

Дрин Ахмети објави дека „Тор индустрис“ ја презема компанијата „Тексас Американ Интернешнл Холдингс“, која според емисијата „Код“ на ТВ Телма е во сопственост на бизнисменот Ник Назар Мехмеди, кој во јули минатата година основал компанија со инвестиција од три милиони евра и која е со седиште на истата адреса во Скопје како и „Тор индустрис“. Фирмата на иста адреса со „Тор индустрис“ во деловниот центар „Соравија“ се вика „Американ инвестиментс“ и е регистрирана за консултантски услуги.

Се сомничи дека добивалa тендери на сметка на неговиот вујко Али Ахмети, но Дрин Ахмети ја демантираше поврзаноста на лидерот на ДУИ со неговиот бизнис.

Полицијата на Северна Македонија, пак, во јули поднесе кривична пријава против внуците на Али Ахмети, Дрин Ахмети и неговиот брат, под сомнение за незаконски бенефиции при експлоатација на концесијата во Зајаз.

„Кривична пријава против 26-годишниот Д.А. и 34-годишниот Б.А. од Кичево поради постоење на сомненија за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик“, објаснуваат од полицијата.

Тие се осомничени дека се здобиле со материјална корист од 2016 година прекршувајќи го Законот за минерални суровини и Договорот за концесија за експлоатација на еден локалитет во Зајаз. Овој договор бил потпишан помеѓу правното лице од Кичево и Владата на Северна Македонија, поточно Министерството за економија на чело на кое во тоа време беше Крешник Бектеши.

ИзворПорталб

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...