fbpx

Обвинителството го стави под лупа задолжувањето на Општина Битола

-

Задолжувањето на Oпштина Битола со кредит поголем од 2,5 милиони евра, од Светска банка, за инфраструктурно уредување на поранешната касарна, каде во тек е изградба на станбено-деловни објекти, ставено е под лупа на Основното јавно обвинителство во Битола.

Оваа информација за „Мета“ ја откриваат извори од Обвинителството, со напомена дека, наводно, ова е само проширување на истрагата, односно на предметот што Обвинителството го отвори против градоначалникот Владимир Талески и за работата на Општината по „бомбите“ на Заев.

Сега, наводно, за Обвинителството било особено важно да се утврди зошто е земен кредитот и каде отишле парите што пред заемот биле планирани за изградба на инфраструктурата во поранешната касарна, со оглед на тоа што инвеститорите одамна си ги платиле давачките кон Општината. Кредитот доби зелено светло од Советот на Општината на крајот од март годинава.

„Постапката во Основното јавно обвинителство – Битола за предметот за кој покажувате интерес се однесува на севкупното работење со средствата на Општина Битола. Надлежниот јавен обвинител има издадено наредба до Бирото за судски вештачења за вештачење на прибраните материјални докази, од каде се чекаат резултатите, а во исто време се проверуваат и други наводи содржани во кривичните пријави. По комплетирање на доказниот материјал, Основното јавно обвинителство – Битола ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука“, се вели во писмениот одговор од прес-службата на Основното јавно обвинителство на поставеното прашање на „Мета“.

Пратеникот Васко Ковачевски од Битола во мај поднесе кривична пријава против Талески, откако на една од аудиоснимките од СДСМ се слушна разговор помеѓу министерот за финансии, Зоран Ставрески, и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во кој вицепремиерот го нарекува Талески „тежок криминалец“ бидејќи за превоз на ученици потпишал „коруптивен до даска договор“.

Ковачевски тогаш рече дека во аудиоснимките станува збор за договор за превоз на ученици, од јуни 2010 година, во кој договорените цени биле дури 10 пати повисоки отколку пазарните цени и побара Обвинителството да постапува според законите.

Задолжувањето на Општина Битола со кредит од Светска банка наиде на жестоки кавги и на критики од битолската опозиција во Советот, особено зашто Битола е со годишен буџет од околу 28 милиони евра.

Кредитот со кој се задолжува Општината е со рок на отплата од 13 години и грејс-период од три години.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...