Обвинителство поведе истрага за дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“

-

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, во текот на месеците јуни и јули, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330м2 пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, без притоа да добие одобрение за градба од надлежен орган. Со цел обезбедување на  присуството на осомничениот во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, обврска да се јавува повремено во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање нова​,“ се вели во соопштението на Обвинителство.

По вчерашната владина одлука со која Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионалните патишта беше задолжено да ја урне дивоградбата кај „Мавровка“, денеска започнаа работите на терен за отстранување на бесправно изградениот објект.

Веднаш по започнувањето на постапката за рушење, сопственикот на дивоградбата Мевљудин Алити одржа прес – конференција за новинари, на која посочи дека објектот е легален и тој е спремен на оној кој сака да му го подари. Алити се повика на членот 76 од Законот за градење, каде се вели дека за обнова на објект не е потребно одобрение за градење.

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите на семејството...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Случајот на Ведат: Разрешен директорот на кумановската болница, сè уште нема процедура за докторот

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска престојуваше во Куманово, во посета на семејството на починатиот 32 годишен Ведат Адеми, кој почина во кумановската општа болница. Во овој случај, членовите...