Обвинителство: Криминалистите од Германија уште не се пристигнати

Фото: Архива на Мета

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по написите објавени во медиумите во текот на денешниот ден, соопшти дека експертскиот тим од Федералната криминалистичка полиција на Германија, кој треба да помогне за утврдување на причините за пожарот во модуларниот Ковид центар во тетовската болница, треба да пристигне во земјава во следните неколку дена.

„Во меѓувреме, тимот обвинители од тетовското и скопското обвинителство продолжува интензивно да презема дејствија за испитување на трагичниот настан. Се очекуваат резултатите од наредените вештачења и се врши распит на сите лица кои со своите сознанија би можеле да помогнат за откривање на причините за пожарот’“, се вели во соопштението од обвинителството.