Обвинителство бара продолжување на притворот за Емил Јакимовски и поднесе обвинителен предлог

-

Основното јавно обвинителство – Скопје до Кривичниот суд достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за Емил Јакимовски, кој им упати навреди и закани на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска. Од ОЈО сметаат дека постои реална можност тој да се даде во бегство за да ја избегне кривичната одговорност. Јакимовски од 18 јануари се наоѓа во осумдневен притвор.

Воедно, обвинителството поднесе обвинителен предлог против него за продолжено кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 (при вршење семејно насилство) и за едно кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 (по пат на информатички систем).

„Од резултатите на вештачењето спроведено по наредба на јавниот обвинител во текот на истражната постапка произлезе дека обвинетиот ги сторил делата во состојба на битно намалена пресметливост за да го сфати значењето на делото и да управува со своите постапки“, се вели во соопштението на ОЈО.

Првото дело кое му се става на товар, обвинетиот го сторил на начин што со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, притоа искористувајќи ист траен однос и исти прилики. Тој, како поранешен сопруг на една оштетена, при вршење семејно насилство и ја загрозил сигурноста со сериозна закана дека ќе нападне врз нејзиниот живот и тело и врз животот и телото на нејзино блиско лице – нејзиниот татко, велат од ОЈО.

Обвинетиот се товари дека второто дело го сторил на 10 јануари, кога по пат на информатички систем и се заканувал на оштетена дека ќе изврши кривично дело –Убиство, за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години. Заканите ги упатувал преку пораки и мобилни апликации, па оштетената се почувствувала дека и е загрозена личната сигурност.

Исто така, обвинителството ги истражуваше и наводните закани кои лицето ги упатувало кон друга оштетена, но притоа се утврди дека во нив не постојат елементи на кривично дело, туку дека станува збор за клевети и навреди за кои оштетената може да поведе граѓанска постапка против Емил Јакимовски.

Новинарката Мери Јордановска на 11 јануари објави дека тој ѝ се заканувал со погрдни зборови.

УСАИД е „прогласена за умрена“, сеирџиите може да здивнат!

Бурата од реакции по укинувањето на УСАИД во светот не поминува без класичниот говор на омраза „на стероиди“ кај нас, кој еруптира со невидена „креативност“, па дури и повици за воведување...

Над 1500 здравствени работници со привремени договори наскоро ќе добијат решенија за работа

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, соопшти дека владата има одлука за трансформација на здравствените работници кои биле вработени во минатото, но со години останале со привремени договори. „Во овој период ќе...

Плејада од измешани симптоми на вируси и грип ги полнат лекарските ординации

Висока температура која трае со денови, без други клинички симптоми, а потоа болки во телото, малаксаност, главоболки, па и вртоглавици, кои траат и до четири недели, се причината поради која мноштво...

ЕФЦСН: Чекор кон побезбеден информациски простор во Европа

Европската мрежа за стандарди на проверката на факти (ЕФЦСН) ја поздравува конверзијата на Кодексот за практика за дезинформации на ЕУ во Кодекс на однесување согласно Законот за дигитални услуги (DSA). Според...

УСАИД е „прогласена за умрена“, сеирџиите може да здивнат!

Бурата од реакции по укинувањето на УСАИД во светот не поминува без класичниот говор на омраза „на стероиди“ кај нас, кој еруптира со невидена „креативност“, па дури и повици...