Обвинителот Бурим Рустем од Специјалното јавно обвинителство денеска треба да даде исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, за случајот „Рекет“. Од понеделникот досега за истрагата дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска. Стефанова, која директно е спомената и од Катица Јанева и од Боки 13 во снимките од „Рекет“ сведочеше пет часа, но потоа не сакаше да изнесе детали.

Снимките ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“. Од ЈО засега не откриваат дали и кога ќе биде повикана и Јанева.

Истрагата за „Рекет“ во Јавното обвинителство ја води шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска.

Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец вчера добија ново продолжување на притворот, односно уште 30 денови зад решетки.