fbpx

Обвинителите на Јанева не се појавија да дадат заклетва

-

Седуммината помошници-обвинители на специјалната обвинителка, Катица Јанева, денеска не се појавија да дадат свечена изјава на нивната функција. Свечената седница на Советот на јавни обвинители поради тоа не се одржа. Во 11 часот, за кога беше закажана седницата во Советот на јавни  обвинители, не се појави ниту еден од избраните обвинители ниту, пак, специјалната обвинителка.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, изјави дека седницата нема да се одржи и дека утрово, околу 10.30 часот, добиле писмо од министерот за правда, Аднан Јашари, од четирите политички партии, во кое се бара Советот на јавни обвинители да одржи седница и да ги избре преостанатите седум обвинители.

– Во 11 часот, истиот допис го доставивме до Катица Јанева, со барање таа да го разгледа и да се обрати со допис до Советот и да побара одржување на седница. Доколку до утре Јанева побара седница, ние ќе постапиме и ќе ја одржиме – рече Аневски.

На новинарско прашање дали тоа значи дека ќе ги изберат и останатите седум обвинители, Аневски не даде прецизен одговор и кажа дека тоа зависи од тоа како ќе гласаат членовите на Советот. Тој соопшти дека за утре во 10 часот имаат закажано седница, на која ќе се расправа по други точки, но доколку специјалната обвинителка поднесе барање за одржување на седница, на дневен ред ќе биде ставен и изборот на останатите седум обвинители.

Аневски, како образложение на одлуката од минатата недела, повторно ја наведе тешката состојба во која се наоѓа Јавното обвинителство, кое, според него, работи во тешки материјални услови и со недостиг од кадар.

Тој изјави дека излезот од настанатата состојба е можен само со менување на Законот за избор на јавни обвинители и на судии, односно враќање на старото законско решение. На прашање зошто досега не реагирале за состојбите во обвинителствата, претседателот на Советот кажа дека тоа трае три години и дека реагирале преку дописи до надлежните институции, а состојбата била истакната и во годишните извештаи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...