Обвинение за уште една узурпација за паркинг во Чаир

Тој поставил рампа и пункт за наплата на паркинг, ангажирал еден вработен да врши наплата за користење на паркинг место и на корисниците во име и за сметка на правното лице им издавал сметки, ограничувајќи и контролирајќи го влезот и излезот до земјиштето

-

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Узурпација на недвижности.

Станува збор за узурпација на земјиште од 11 катастарски парцели во сопственост на државата, лоцирано до цветниот пазар кај Здравствен дом Скопје – Поликлиника Битпазар, а кое согласно Деталниот урбанистички план „Саат кула“ во Општина Чаир било наменето за изградба на катна гаража и било предвидено за продажба со јавно наддавање. Меѓутоа, од 24.08.2023 година обвинетиот го користел земјиштето како импровизиран паркинг простор. Тој поставил рампа и пункт за наплата на паркинг, ангажирал еден вработен да врши наплата за користење на паркинг место и на корисниците во име и за сметка на правното лице им издавал сметки, ограничувајќи и контролирајќи го влезот и излезот до земјиштето.

Јавниот обвинител предложи спрема обвинетиот да биде определена и мерка на претпазливост – забрана да презема работни активности кои се поврзани со кривичното дело, односно забрана да го користи земјиштето.

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по пријавите за дивите паркинзи во Општина Чаир, и во текот на вчерашниот ден поднесе обвинение против друго физичко и правно лице кои исто така подолг период узурпирале земјиште за таа намена во близина на Поликлиниката Битпазар.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...