fbpx

Обвинение за професорот-тепач од Струга, ОЈО достави и посебен предлог за продолжување на притворот

-

Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинителен предлог против 57 – годишниот професор од Струга кој минатата недела со метален предмет повреди ученик во гимназијата „Ибрахим Темо“.

Професорот по англиски јазик, кој и претходно бил проблематичен, ќе одговара за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството.

„Обвинетиот на 23.12.2021 година околу 13:30 часот, со боксирач удрил ученик на возраст од 18 години. Физичкиот напад следел по претходно влошени меѓусебни односи и вербална расправија. Притоа, обвинетиот замавнал со десната рака на која претходно го имал ставено железниот боксирач и го удрил оштетениот ученик во пределот на главата. Со преземените дејствија обвинетиот нанел телесни повреди кај оштетениот, извршил грубо насилство и во јавноста предизвикал чувство на несигурност“, наведено е во соопштнието на ОЈО.

Обвинителството до надлежниот суд достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...