Обвинение за две лица што украле лаптоп од БМВ со бугарски таблички

Двајцата на 10 јануари, на паркинг на булеварот „Илинденска”, со тврд предмет го скршиле задното стакло на паркиран автомобил со бугарски регистарски ознаки

-

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица на возраст од 22 и 30 години кои се осомничени дека заедно извршиле – Тешка кражба, кривично дело казниво според член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, информираат оттаму.

Двајцата на 10 јануари, на паркинг на булеварот „Илинденска”, со тврд предмет го скршиле задното стакло на паркиран автомобил со бугарски регистарски ознаки.

„Додека едниот преку отворот влегол во возилото, другиот внимавал да не наиде некој. Од автомобилот БМВ во сопственост на бугарска фирма, кој го управувал бугарски државјанин, двајцата осомничени украле ташна со лаптоп, 12.000 евра и други предмети, по што избегале со сопствено возило“, информира Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог со кој побара двајцата осомничени во текот на постапката да бидат обезбедени со мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, привремено одземање на патната исправа и обврска да се јавуваат на определено службено лице во Судот.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...