Обвинение за четири лица вмешани во изведбата на проектот за фасадата на Владата

Во периодот од мај 2013 до октомври 2016 година, обвинетите – директор на владина служба, управител на правно лице задолжено за стручен надзор над работењето на фасадата и илуминација на објектот на Владата и главен надзорен инженер, со умисла нанеле значителна имотна штета на средствата на буџетот во износ од 184.015.304,00 денари

-

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице и обвинителен предлог против четири лица, информира Основното јавно обвинителство (ОЈО).

Како што инфирмираат оттаму, обвинителниот акт се темели на докази од кои произлегува дека обвинетиот – управител на друштво за градежништво, трговија и услуги сторил кривично дело со дејствијата што ги преземал во период од февруари до април 2013 година, свесно ги повредувајќи ги прописите за постапката за доделување на договор за јавна набавка сторил кривично дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.

Управителот на друштвото, склучил договори за заеднички настап со три правни лица со цел да бидат искористени ресурсите на членовите на групата при оценување на економско финансиската состојба на понудувачот, иако немал намера истите да ги ангажира при реализацијата на договорот и изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи за реконструкција на фасадата и илуминација на објектот на Владата на Република Македонија. Во понудата, и покрај тоа што бил должен согласно Законот за јавни набавки, доставил два подизведувачки договори со други две правни лица, но не и за останатите подизведувачи на кои имал намера да им отстапи дел од договорот за јавна набавка.

„По склучување на договорот за јавна набавка, обвинетиот не постапил по договорите за заеднички настап, според кои правните лица како членови на група економски оператори ставајќи ги на располагање своите техничко-технолошка опрема, кадар и финасиско-економски ресурси, требало да изведуваат дел од работите доколку бидат доделени на правното лице чиј управител е обвинетиот. Со преземените дејствија обвинетиот за друштвото со кое управувал остварил имотна корист од поголеми размери во износ од 470.018.103,00 денари“, наведено е во соопштението од Обвинителството.

Заедно со обвинителниот акт е доставен и обвинителен предлог, со кој освен погоре обвинетиот се опфатени уште три лица кои сториле по едно продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување.

„Во периодот од месец мај 2013 до крајот на октомври 2016 година, обвинетите – директор на владина служба, управител на правно лице задолжено за стручен надзор над работењето на фасадата и илуминација на објектот на ВРМ и главен надзорен инженер, со умисла поттикнати од првообвинетиот – управител на друштво за градежништво, трговија и услуги – изведувач на проектот, со намера нанеле значителна имотна штета на средствата на Буџетот на Република Македонија во износ од 184.015.304,00 денари“, се додава во соопштението.

Како што  информираат оттаму, подизведувачот за изведување на градежни и градежно занаетчиски работи за изведба на декоративни и фасадни елемети и изведба на каменорезачки работи за објектот на Владата, иако не поседувал лиценца за изведувач на градби од прва категорија, бил ангажиран и притоа не ги испочитувал одредбите од подизведувачкиот договор, па извршил монтажа на декоративни фасадни елементи изработени од материјал што не соодветствувал на материјалот предвиден во основниот проект.

„Второобвинетиот, со умисла поттикнат од првообвинетиот, не ја извршил својата службена должност и при реализацијата на договорот не ставал забелешки во поглед на начинот на изведба на работите и употребениот материјал и покрај тоа што сертификатите и целокупната преписка помеѓу изведувачот на работите и носителите на стручниот надзор во поглед на материјалите и изведбата на декоративните фасадни елементи била доставувана до него, со тоа дозволил декоративните фасадни елементи од материјал што ги нема потребните карактеристики да бидат вградени“, пишува во соопштението.

Трето и четврто обвинетите како одговорни лица за реализација на договорот, со умисла поттикнати од првоосомничениот, не ги извршувале своите посебни овластувања и должности, не вршеле проверка на квалитетот на вградените материјали во градбата и не ставале забелешки во градежните дневници во однос на материјалот од кој биле изработени фасадните елементи со што му овозможиле на друштвото – изведувач преку ангажираниот подизведувач да изведе и да вгради елементи изработени од материјал што не ги поседувал потребните карактеристики и не бил еквивалентен на материјалот предвиден во основниот проект.

 

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната зборува за...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Рамбо Амадеус испеа нова песна за „добрите, стари времиња“

Најпознатиот современ црногорски музичар, генерално прифатен како „светски мега цар“, Рамбо Амадеус објави нов сингл насловен „Во добрите стари времиња“ (У добра стара времена), заедно со анимиран музички спот. „Песната...