fbpx

Обвинение против аргентинската претседателка

-

Дека ги штитела иранските официјални претставници од кривично гонење за бомбашките напади врз Еврејскиот центар во Буенос Аирес во 1994 година, е обвиниета аргентинската претседателка Кристина Кирхнер.

Оваа одлука на обвинителството е продолжение на случајот во кој Кирхнер беше гонета од обвинителот Алберто Нисман, кој почина минатиот месец под мистериозни околности, пред аргентинскиот Конгрес да ги сослуша неговите обвинувања, потсетуваат француските медиуми.

Во текот на кривичната истрага, на четири дена пред смртта, Нисман ја обвини претседателката Кирхнер и други високи аргентински официјални претставници дека склучиле спогодба со Иран да ги заштитат иранските официјални претставници поврзани со нападот од 1994 година во замена за вносни трговски договори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...