Обвинителите во Њујорк покренаа обвинение против Луиџи Манџионе, осомничен убиството на директорот на „Јунајтед Хелткер“ (UnitedHealthcare), Брајан Томпсон пренесува „Фокс Њуз“.
Манџионе е обвинет и за поседување на оружје, поседување на рачно изработено оружје и поседување на придушувач на оружје. Со ова оружје, 26-годишниот Маџионе го извршил убиството на Брајан Томпсон на 4 декември.
Томпсон, кој имаше 50 години, беше застрелан одзади на тротоарот пред хотелот „Хилтон“ во Њујорк, пред почетокот на конференција на акционери. Тој беше именуван за извршен директор на компанијата „Јунајтед Хелткер“ во април 2021 година.
Манџионе бил уапсен вчера во Алтуна, Пенсилванија, по петдневна национална потрага.
Вработен и муштерија во Мекдоналдс го препознале Манџионе според тоа што го виделе на вестите, и повикале полиција. При апсењето носел маска за да го прикрие идентитетот, но, сепак, кога дошла полицијата, го препознале и веднаш го уапсиле.
Манџионе дипломирал како најдобар студент во својата класа на елитната школа Гилман во Балтимор и го одржал говорот на матурската церемонија во 2016 година. Потоа дипломирал и магистрирал на Универзитетот во Пенсилванија.
“Изгледаше како паметно дете, секогаш правеше вистински работи, така се чинеше,” изјавил негов поранешен соученик.