fbpx

ОБСЕ со кампања ќе ја подигнува свеста за насилството кон жените

-

Како придонес кон годинешните „16 Денови на активизам против родово базираното насилство“, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) започнува со нова кампања насловена „Крај за молкот“. Кампањата цели кон подигнување на свеста за насилството кон жените, со фокус на правата на жените, информираат од ОБСЕ.

„Темата „Крај за молкот“ ја потенцира една од главните пречки во борбата против насилството врз жените, а тоа е дека многу жени сметаат дека домашното насилство е лична работа и многу малку жени жртви на насилство зборуваат за истото. Уште помалку, насилството го пријавуваат во институциите“, се наведува во соопштението на ОБСЕ.

ОБСЕ од денеска ќе започне со кампања на социјалните мрежи, која што ќе може да се следи преку Твитер профилот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје @OSCE_Skopje, на Фејсбук страницата на Мисијата @OSCE.Skopje и на Инстаграм профилот на ОБСЕ. Во декември ќе бидат доставени 300 постери до сите полициски станици низ земјава за да се крене свеста за насилството врз жените и улогата на полицијата во справувањето со истото.

Кампањата на ОБСЕ има за цел да ги охрабри жените да ги пријавуваат сите случаи на насилство на бројот 0800-100-600 и да бараат помош во СОС Центарот на телефонскиот број 011/2645-328 (од 10-20 часот за време на работните денови).

Претстојните активности на ОБСЕ се базираат на клучните наоди од „Истражувањето на ОБСЕ за благосостојба и безбедноста на жените“ од 2018, во кое беа вклучени седум земји учеснички на ОБСЕ: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Молдавија и Украина. Истражувањето беше спроведено и во Косово. Според истражувањето, скоро половина од жените (45%) во земјава биле жртви на психичко, физичко или сексуално насилство од својот партнер.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, верува дека молкот и стигмата придонесуваат случаи на насилство врз жените и девојчињата да останат непријавени и неадресирани.

– Сите треба целосно да се посветиме кон заложбата за нулта толеранција на родово базираното насилство – рече Која.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...