ОБСЕ: И Груевски и Заев да ги удвојат напорите за траен компромис

-

Сите изгубија вчера: партиите, народот во Македонија како и меѓународната заедница која се грижи за идината на вашата земја, се вели во одговорот на амбасадорот на САД во ОБСЕ, Даниел Баер, во обраќањето до министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

„Длабоко жалиме што и покрај напорите на комсарот Хан, клучните актери не дојдоа до заедничка позиција за деталите како да продолжат понатаму до предвремените избори и до решавање на сегашната криза. Ги повикуваме партиите да ги удвојат своите напори и итно да постигнат трајни, компромисни решенија, засновани на она за кое се договорија во Скопје на 2 јуни.

Напредокот е од витално значење во неколку клучни области, кои вклучуваат рамка за спроведување избори, борба против корупцијата, зајакнување на независноста на судството и на обвинителството и продолжување на конструктивни и сеопфатни парламентарни расправи.

Во објавените прислушувани разговори има значителни наводи за злоупотреба и за корупција, кои мора да се решат преку независна, транспарентна и непристрасна истрага.

Слободата на медиумите е, исто така, од клучно значење за да се осигура дека по наводите во прислушувањето се постапува соодветно.

Иако голем број медиуми ја пренесоа суштината на случајот со прислушувањето, ова не ја елиминира потребата од истакнување сериозна загриженост за насилство и за заплашување на новинари и на медиуми, како и за несоодветното влијание на владините реклами врз медиумите и за други проблеми.

Иако владата не може да ја носи целата вина за сегашната криза, таа има одредена одговорност врз основа на својот статус на моќ. Како таква, владата треба да почне да прави напредок во однос на суштинските реформи без разлика на статусот што го имаат преговорите со лидерите на опозицијата. Го повикуваме премиерот Груевски да почне да работи на тоа сега. Во исто време, го повикуваме господин Заев од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да му се врати на конструктивниот ангажман.

Политичките лидери на Македонија, на луѓето на кои им служат, им должат да работат заедно за да се стави крај на оваа криза“, се вели во обраќањето.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...