Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир ја изрази својата поддршка за Регистарот за саморегулација на онлајн медиумите во Македонија, промовиран во средата од страна на Советот за етика во медиумите, ЗНМ и Стопанската комора.

 „Медиумската саморегулација е корисен механизам и придонесува кон поквалитетно информирање, заштита на уредничката слобода и јакнење на медиумскиот кредибилитет“, изјави Дезир.

Меѓу другите начини како оваа иницијатива ја унапредува саморегулацијата на онлајн медиумите се и барањата кон истите транспарентно да ги објавуваат изворите на финансирање, да се придржуваат до Кодексот на новинарите и да ги објавуваат одлуките на Советот за етика во медиумите.

„Се надевам дека оваа заедничка активност на неколку организации од Северна Македонија ќе биде корисна за медиумските платформи како и да пошироката медиумска заедница“, смета Дезир.

foom-logo-disklejmerТекстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.