Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Националниот совет за евроинтеграции на кој ќе се обрати еврокомесарот Јоханес Хан, како и комисиите за одбрана и безбедност, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на собраниската Комисија за одбрана и безбедност се две предлог одлуки за испраќање на припадници на АРМ за учество во мировната операција „Одлучна поддршка”, во Авганистан и во КФОР на Косово.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе продолжи со расправата за измените и дополнувањата на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, во прво читање.
Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.