fbpx

Областа Епир во Грција беше презентирана пред туристичките агенции

-

Областа Епир во Грција беше презентирана како туристички потенцијал пред македонските туристички агенции, денеска во хотелот „Александар Палас“.

Според регионалниот гувернер на периферијата на Епир, Александрос Кахриманис местата Јанина, Метсово, Превеза, Игуменица со околните природни убавини и локална кујна може да се посетат не само летно време, туку во текот на целата година.

-По изградбата на автопатот „Виа Игнациа“ многу граѓани на вашата земја одмораат на крајбрежјето на Епир. Од Јанина за половина час сте на мора и за исто толку време до околните планини и села, каде што има природни убавини. Епир е еден од најубавите делови на Грција и е нова туристичка дестинација која ќе овозможи почеток на соработка на туристичките агенции на двете држави – изјави Кахриманис.

На денешната туристичка промоција на Епир, готвачи од таму ги презентираа локалните специјалитети, а македонските туристичките агенции остварија тет-а-тет средби со грчките агенции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...