fbpx

Облачно време со температура до 15 степени

-

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд особено во јужните делови, а на планините од снег. Ќе дува умерен западен, а в долж Повардарието северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од осум до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 12 Целзиусови степени.

Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Лазарополе, 92 литри на метар квадратен, Маврово, 71 литар на метар квадратен, Пожаране, 68 литри на метар квадратен, Крушево, 65 литри на метар квадратен, Тетово, 52 литри на метар квадартен, Скопје-Зајчев рид 48 литри на метар квадратен.

Дождот ја стопи снежната покривка и таа на Маврово изнесува само еден сантиметар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...