Времето во земјава денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер на одредени места. Пороен дожд и засилен ветер (над 60 км/ч), може да се очекуваат особено во југоисточните делови каде се очекува да наврнат над 35л/м2.
Утринската температура се движи од 6 до 14 Целзиусови степени, а дневната температура ќе изнесува меѓу 10 и 16 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура достигна до 10 Целзиусови степени, а дневната температура ќе се искачи до 15 степени.