fbpx

Облачно време, попладне со врнежи од снег

-

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег со слаб, на места и умерен интензитет. Попладне и во текот на ноќта врнежите ќе бидат од снег и повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните делови.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус два, а дневната од минус три до шест Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно, со слаби врнежи од дожд и снег. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе достигне до два степени.

Во петок облачно со врнежи од снег кои во западните и јужните делови ќе формираат снежна покривка. Од сабота врнежите во пониските места ќе бидат претежно од дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно се прикажува студија за да се „докаже“ дека маските не спасуваат животи

Во оваа објава се пропушта контекстот, притоа не се наведуваат битните огради кои ги ставаат и самите автори во студијата, а се тврди дека маските не заштитуваат од инфекција...