Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Повеќе врнежи ќе има попладне и во текот на ноќта кон четврток, особено во јужните делови. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од два до осум Целзиусови степени.
Во Скопје ќе преовладува слично време, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи се очекуваат попладне. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до шест Целзиусови степени.