Објавени се резултатите од конкурсот за сместување во ученичките домови

Фото: Sincerely Media on Unsplash

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека се објавени резултатите од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Северна Македонија за учебната 2021/2022 година и истите можат да се погледнат на следниот линк.

Примените ученици можат да се сместат во соодветниот ученички дом почнувајќи од 31.8.2021 година. Кандидатите чии апликации не се прифатени, во следните три работни дена имаат можност за приговор кој се доставува до Министерството за образование и наука (ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр. 54, 1000 Скопје).

Оваа година учениците за прв пат имаа избор да аплицираат за сместување во ученички дом електронски со пополнување на електронска пријава и прикачување на соодветната документација на https://e-uslugi.mon.gov.mk , или со достава на потребната конкурсна документација директно во ученичкиот дом.