Објавени се резултатите од конкурсите за доделување ученички стипендии, сајтот на МОН недостапен

Фото: Green Chameleon on Unsplash

Министерството за образование и наука (МОН) информираше дека се објавени резултатите од конкурсите за стипендии за ученици од средните училишта за учебната 2022-2023 година. Резултатите се достапни на интернет-страницата на МОН која веднаш по објавата стана недостапна, исто како и резултатите.

Како што информираше МОН, средношколците што се стекнаа со право на користење на стипендија треба да испечатат и пополнат три примероци од договорот кој е различен за секоја категорија на стипендија. Трите примероци задено со копија од лична трансакциска сметка од 2 до 16 јануари 2023 година треба да се достават до МОН, директно до писарницата или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје.

Резултати:

Стипендии за социјална поддршка на ученици 

Добитници на стипендија

Договор за стипендија

 

Стипендии за ученици – деца без родители

Добитници на стипендија

Договор за стипендија

 

Стипендии за ученици со посебни потреби

Добитници на стипендија

Договор за стипендија

 

Стипендии за талентирани ученици – природни и технички науки

Добитници на стипендија

Договор за стипендија

 

Стипендии за талентирани ученици – спортисти

Добитници на стипендија

Договор за стипендија

 

Стипендии за талентирани ученици – уметници

Добитници на стипендија

Договор за стипендија

 

Стипендии за ученици запишани во дуални паралелки

Добитници на стипендија

Договор за стипендија

 

Стипендии за ученици запишани во тригодишно стручно образование

Добитници на стипендија

Договор за стипендија

 

Стипендии за ученици од градежно – геодетска струка

Добитници на стипендија

Договор за стипендија

 

Стипендии за ученици од машинска струка

Добитници на стипендија

Договор за стипендија

 

Стипендии за ученици од текстилно – кожарска струка

Добитници на стипендија

Договор за стипендија

 

Стипендии за ученици од угостителско – туристичка струка

Добитници на стипендија

Договор за стипендија

 

Стипендии за ученици од земјоделско – ветеринарна струка

Добитници на стипендија

Договор за стипендија

 

Стипендии за ученици од електротехничка струка

Добитници на стипендија

Договор за стипендија

 

Одбиените кандидати ќе имаат можност за приговор од денот на добивање на решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена. Решенијата за прифатените и одбиените во моментов се изработуваат и ќе бидат испорачани следниве денови.

За какви било информации и поддршка студентите можат да се обратат до вработените во Секторот за ученички и студентски стандард на контактите достапни на овој линк, додека прашања може да се поставуваат и на електронската адреса [email protected].