Министерството за образование и наука (МОН) ги објави листите со примени студенти од втора и повисоките години во државните студентски домови кои не беа задоволни од резултатите од Конкурсот и поднесоа приговор до 12 септември.
Списоците со примени студенти можат да се видат на следните линкови:
Список на студенти кои се сместуваат во ДСД ПЕЛАГОНИЈА (по приговор )
Список на примени студенти во ДСД Гоце Делчев кои се ослободуваат од партиципација ( по приговор)
До овој момент МОН не ги објави списоците со примени студенти-бруцоши, кои аплицираа за сместување заклучно до 16 септември. Иако во Конкурсот беше предвидено дека резултатите ќе бидат објавени на 30 септември, во петокот, денеска -три дена подоцна студентите-бруцоши сѐ уште немаат информација за тоа дали се примени во некој од државните студентски домови, и покрај тоа што денес го имаа првиот академски час.