Министерството за образование и наука (МОН) вечерва ги објави резултатите од Конкурсот за прием на студенти во прва година запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2024/2025 година.
Вселувањето во домовите започнува веќе од утре, петок, 27 септември.
Оние студенти што не се задоволни од резултатите може да достават приговор директно во студентскиот дом во кој аплицирале, најдоцна пет дена од денот на објава на резултатите.
Листите со примени студенти во студентските домови може да ги најдете подолу:
Скопје
Примени во ДСД „Томе Стефановски – Сениќ“
Аплицирале за „Гоце Делчев“, но сместени во „Томе Стефановски – Сениќ“
Прилеп
Охрид
Битола
Штип
Примени во „Браќа Миладиновци“
Тетово
Аплицирале во ДСД „Тетово“, но примени во ПСД УЈИЕ