Додека браќата Ендру и Тристан Тејт остануваат во притвор во Флорида и се спротивставуваат на барањето за екстрадиција од Обединетото Кралство, новообјавени судски документи откриваат повеќе детали за најновите обвиненија за сексуални злосторства со кои се соочуваат двајцата, вклучувајќи силување и трговија со луѓе за сексуална злоупотреба, објави Си-Ен-Ен.

Документите, објавени во понеделник вечерта, детално ги наведуваат жалбите поднесени од жени до британските службеници против двајцата браќа за сексуално и физичко злоставување, вклучувајќи тврдења дека жените биле давени, понекогаш до степен на губење на свеста, и силувани.

Браќата, кои се појавија во федералниот суд во Мајами во понеделник, ги негираа сите обвинувања против нив, а нивните адвокати ветија дека ќе се борат против барањето за екстрадиција. Еден од тие адвокати јавно ја повика администрацијата на Трамп да интервенира.

Откако започнаа со гостувања во ријалити-шоуата во Велика Британија, браќата Тејт стекнаа озлогласеност со текот на годините промовирајќи сè повеќе мизогинистичка содржина на интернет, собирајќи следбеници но и  и кривични обвиненија.

Иако браќата веќе се соочуваа со обвиненија за силување и трговија со луѓе во Велика Британија, најновите обвиненија беа поднесени откако британската полиција ги истражи пријавите на четири дополнителни жртви, соопштија британските власти, со што вкупно се покренати 59 обвиненија.

Во тужбата објавена во понеделник против Ендру Тејт, обвинителите детално ги наведуваат наводите од британските власти во кои се вклучени две жртви. Во неа се вели дека една жена, која работела во „бизнисот со веб-камери“, била ставен во стегање со гушење, поради што ја изгубила свеста, додека тој ја силувал во наводен напад во нејзиниот дом во Бедфорд, Англија, во 2015 година.

Ендру Тејт се соочува со дополнителни седум обвиненија за силување, три обвиненија за трговија со луѓе, три обвиненија за напад и уште 19 обвиненија поврзани со „непристојни слики од дете и екстремна порнографија“, соопштија обвинителите во соопштението. Тој сега се соочува со вкупно 42 обвиненија, вклучувајќи силување, трговија со луѓе, непристојни слики од дете и напад, според Службата за обвинителство на Велика Британија и полицијата во Бедфордшир .

Во незапечатен документ против Тристан Тејт, британските власти тврдат дека тој постојано силувал жена со која бил во долгорочна романтична врска помеѓу 2012 и 2013 година, давејќи ја до тој степен што ја изгубила свеста и удирајќи ја со ремен во повеќе наврати, што предизвикало „сериозни модринки и отоци“ по нејзиното тело. Во една прилика, таа рекла дека ја удрил, предизвикувајќи модринка на окото, се вели во документот.

Тристан Тејт се соочува со две нови обвиненија за силување, едно обвинение за сексуален напад и три обвиненија за „олеснување на патувањето за експлоатација“, се вели во тужбата. Тристан Тејт сега се соочува со 17 обвиненија, вклучувајќи сексуален напад, силување и трговија со луѓе, според официјални лица.

Обвинителите велат дека британските истражители добиле изјави од сведоци, електронски пораки и фотографии за кои велат дека ги потврдуваат обвинувањата.