Добитници на годинашната дрѓавна наградата во областа на културата и уметноста за 2025 година се: актерот Гоце Тодоровски, писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, поетот, романсиер, драмски писател и новинар Братислав Ташковски и писателот академик Божин Павловски, соопштија денеска од одборот за доделување н наградата.

„Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија. Свеченото врачување на наградите ќе се одржи на 23 октомври 2025 година на пладне во Собранието“, информираат оттаму.