Објавена виртуелна изложба за изгледот на Скопје во 1973 година на Џоел М. Халперн

Фото: Принтскрин од виртуелната изложба „10 години по земјотресот“ на Џоел М. Халперн

Македонското студентско етнолошко – антрополошко друштво (МСЕАД) ја објави виртуелната изложба „10 години по земјотресот“ на Џоел М. Халперн. Фотографиите го прикажуваат изгледот на Скопје во 1973 година, десет години по катастрофалниот земјотрес што го погоди главниот град во 1963 година. На фотографиите може да се забележи изградбата на Соборниот храм, дел од Старата скопска чаршија, како и останатите населби во Скопје.

Последен пат, професорот Халперн ја посетил Македонија во 2004 година, кога на Институтот за етнологија и антропологија беше формиран посебен легат од книгите што Џоел и Барбара Халперн ги подарија на Библиотеката на ИЕА.