fbpx

Објавена публикацијата „Природното богатство и вредности на Дрим“

-

Суштинската вредност на сливот на реката Дрим е бесценета и е еден од најважните слатководни „жаришта“ на биолошката разновидност во Европа, стои во објавената публикацијата „Природното богатство и вредности на Дрим“, објавена во рамките на заедничките активности на организацијата за управување со Дримскиот Басен и НВО-секторот.

„Без разлика дали сфаќаме или не, но слатководните еко-сисистеми заедно со биодиверзитетот и еко-системските услуги што ги обезбедуваат, го одредуваат квалитетот на животот и добросостојбата на луѓето. Ние, како индивидуи можеме да направиме разлика едноставно преку почитување на правото дека сите суштества можат да ги користат придобивките од оваа планета и преку преземање на индивидуални или колективни чекори кон заштита на биодиверзитетот на сливот на реката Дрим“, стои во публикацијата.

Во брошурата посебен дел зазема и Охридското Езеро, како едно од трите езера во Дримскиот Басен.

„Охридско Езеро – едно од неколкуте најстари езера во светот е едно од најдлабоките (максимум 280 метри) и најстарите езера во Европа со старост помеѓу 2 и 10 милиони години. Езерото најмногу се полни од подземни води (50 проценти) од неколку карстни извори (75 отсто од изворите кај Свети Наум и 25 проценти од Тушемиште) кои се наоѓаат во југоисточниот дел на езерото. Карстните подземни водни тела ја примаат и ја прочистуваат водата од Преспанското Езеро, чие ниво на вода се наоѓа 150 метри повисоко од нивото на Охридското Езеро. Поради големата старост и изолираност од околните планини, во езерото се развиени уникатни растителни и животински видови. Присутни се околу 1.200 автохтони видови од кои повеќе од 220 се ендемични“, се наведува во брошурата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...