Објавена книгата „Низ лавиринтите на книжевното писмо“ со трудови за истакнатите македонски писатели

Фото: „Македоника Литера“

Објавена е книгата „Низ лавиринтите на книжевното писмо“, со книжевни студии од македонскиот писател Ранко Младеноски.

„Низ лавиринтите на книжевното писмо“ содржи анализи и интерпретации на семиотичките лавиринти на книжевно-уметнички дела на автори од современата македонска книжевност, две компаративни студии и два осврта за книги на странски автори. Тоа се анализи, толкувања и осврти на книжевни дела кои оставиле значајни траги во литературата и коишто предизвикале интерес кај книжевната критика и кај читателите“, пишува во описот за книгата.

Во своето најново дело, Младеноски повеќето трудови ги посветува на великаните на македонската книжевност, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ташко Георгиевски, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Петре Бакевски, Георги Сталев, Радован П. Цветковски, Драги Михајловски, Венко Андоновски, но вметнува и трудови со анализа на неколку текстови за автори од помладите генерации.

„Книгата содржи и неколку трудови коишто претставуваат еманација на книжевните врски на македонската културна средина со други национални книжевности и култури, а во кои се интерпретираат книжевни и книжевно-научни дела на неколку автори –
Михаил Булгаков, Горан Калоѓера, Стјепан Томаш и Етгар Керет“, стои во описот од издавачот „Македоника литера“.

Ранко Младеноски докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде ги има завршено и додипломските и постдипломските студии. Тој е автор на неколку книги: две студии објавени во посебни книшки за романите „Две Марии“ од Славко Јаневски и „Црно семе“ од Ташко Георгиевски од 2003 година; на книжевно-теориските и критичките книги „Чекајќи ја егзегезата“. Младеноски се потпишува како автор и на рецензираните скрипти „Наратологија“ и „Теорија на поезијата“, на рецензираните прирачници „Практикум по теорија на поезијата“ и „Практикум понаратологија“, како и на универзитетскиот учебник „Теорија на книжевноста“, автор е на две збирки со краткка лирска проза (секвенци) и тоа „Омразенија“ во
и „Марионетки“.

Ранко Младеноски има објавено над 160 трудови (интерпретации, есеи и рецензии) во голем број списанија во земјава и во неколкубалкански држави. Неговви песни, раскази и кратки прозни лирски текстови се преведени и објавени во разни списанија на неколку словенски јазици.