Објавен трејлерот за ТВ-серијата „Зоки Поки“ (видео)

ТВ-серијата „Зоки Поки“ ќе почне да се емитува следната недела, на 4 мај. Гледачите ќе имаат можност да ги проследат десетте епизоди секој понеделник и четврток во 20:15 часот на првата програма на Македонската радио телевизија. По емитувањето на МРТ, епизодите ќе бидат достапни и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал.