Објавен повикот за Наградата за младинско учество на Националниот младински совет на Македонија

Фото: НМСМ

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) го објави повикот за Наградата за младинско учество, во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество. НМСМ ја доделува наградата на млади индивидуалци, неформални групи на млади и младински организации кои дале придонес кон општеството преку активно граѓанскo учество. За оваа награда, нивните активности треба да се реализирани од јануари 2020 година до март 2021.

Оваа година ќе бидат доделени 6 награди во индивидуалната категорија, категоријата за неформални групи на млади, и категоријата за младински организации и мрежи од младински организации.

Номинирањето ќе биде отворено до 5 април.

Повеќе детали може да прочитате на овој линк.

На минатогодишното доделување награди, добитнички во индивидуалната категорија беа Ивана Балабанова и Сибел Бајрам, а во категоријата за младински организации беа избрани организациите Флуктус и My Life. Додека пак, 3D Print Medical Equipment и SHARE – Speak Honestly and Resolve Everything беа добитници на наградата во категоријата за неформали групи на млади.

Мета.мк лани разговараше со добитниците на наградата кои се сметаат за двигател на општествените промени и реформи.